(ВИДЕО) Граѓани за ГТЦ: Ова нема врска со политика, ова е хир на еден човек и ние сакаме да го исправаме

Од:

На избирачките места низ Центар гласањето на референдумот за ГТЦ поминува во мирна атмосфера. До 13 часот своето гласачко право го искористија 20 отсто од гласачите, но грѓаните се оптимисти и очекуваат поголемиот број гласачи да гласаат попладне.

Архитектот и инжинер во пензија, Трајко Димитровски го затекнавме на едно од избирачките места во Центар како и помага на својата сопруга да го оствари своето право на глас. Тој вели дека референдумот нема врска со политика и дека скопјани не смеат да го изгубат ГТЦ затоа што е уникатен.

– ГТЦ е меѓу првите трговски центри на Балканот. Многу е убав за тоа време, а и за сега и да дојде некој да го затвори, тоа е катастрофа. Се надевам дека има разум барем на оваа територија во Центар и дека ќе бидеме против за да си остане ГТЦ ваков каков што е. Во споривно ќе ни се загорчи животот затоа што ГТЦ е протечен и има воздух во него. Верувам дека ќе гласаат доволно луѓе, ако нема доволно тогаш ништо не заслужуваме. Ова нема врска со политика, ова е хир на еден човек и ние сакаме да го исправаме – вели Димитровски.

Би можело да ве интересира

МВР потврди: 55 годишна е жената која падна од терасата на ГТЦ

Анита Петровска Рајковиќ

Жена се фрли од терасата на ГТЦ – момче се обидело да ја спречи, но не успеало

Анита Петровска Рајковиќ

ГТЦ лани издвоил 1,3 милиони евра за струја и 2022 ја завршил со минус од 645.000 евра

A1on

Вклучи-исклучи на струјата во ГТЦ: Менаџментот ветувал дека ќе го плати долгот, за дуќанџиите да не останат во мрак

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Дојави за бомби во ГТЦ, во МНР и во неколку школи, во тек евакуација

Катерина Ѓуровски

Габриел Бајрам не се јавил на распит во полиција, ама се јавил на поканата за прослава на Владата

Кристијан Ландов