Уништени се речиси сите постери и пропагандни материјали залепени на тарабите и на огласувачките места низ Центар.
Со црна боја се премачкани повиците да се излезе на гласање и податоците кога се одржува референдумот. Нема постер низ улиците на Центар кој не е пречкртан или искинат.
Според информациите на ДИК до 13 часот гласале 20 отсто од граѓаните. Според податоците на Општината, пак, до пладне своето гласачко право го искористиле 23,1 отсто.
Пресметките од таму говорат дека за да биде успешен референдумот до 13 часот требало да излезат 24 отсто од граѓаните со гласачко право, што е близу до преброените гласови.