Претседателски избори во Казахстан

Од:

Во Казахстан денеска се одржуваат предвремени претседателски избори, организирани по тешката економска криза во земјата.

На изборите актуелниот шеф на државата Нурсултан Назарбаев, како што тврдат аналитичарите, си обезбедил уште една победа. Назарбаев е на власт од 1991 година и тогаш беше единствениот кандидат на изборите. Потоа е резибран во 1999., во 2005. и 2011 година, секој пат со резултат од над 80 отсто од гласовите. Меѓутоа меѓународните набљудувачи сметаат дека изборите не се слободни.

Опозицијата не кандидираше свој претставник за изборите, на кои има уште двајца кандидати покрај, Назарбаев, но тие се сметаат за негови приврзаници.

– Тоа не се избори, туку реизбор, изјави аналитичарот Досим Сатпајев и додаде дека единствена интересна работа е тоа што овие избори веројатно ќе бидат последните за 74-годишниот Назарбаев.

Парламентот, чиј претседателот исто така е Назарбаев, ги распиша изборите поради кревкото стопанство на земјата.

Казахстан, сојузник на Русија во зоната за слободна трговија има влошена економска состојба поради руската економска криза по западните санкции кон таа земја и падот на цената на нафтата на светскиот пазар.

Би можело да ве интересира

На Шолц му е кажано: „Русија е непобедлива“

13 лица загинаа во пожар во хостел во Казахстан

Горан Наумовски

Тројца ученици повредени во напад со секира и нож во училиште во Казахстан

Опериран поранешниот претседател на Казахстан, Нурсултан Назарбаев

Ана Ололовска

Казахстан ја менува визната политика поради Русите кои бегаат од мобилизација

Ана Ололовска

Русија ја спречи „обоената револуција“ во Казахстан