Општина Центар, денеска спроведува референдум на локално ниво.
Жителите на Центар одговараат на референдумското прашање „Дали сте за тоа да се задржи автентичниот изглед на фасадата на Градскиот трговски центар?“.
Избирачките места се отворени од 7-19 часот, а се гласа на вообичаените избирачки места каде центарци се изјаснуваат на парламентарните, локалните и претседателските избори.
Одлуката на референдумот ќе се смета за донесена ако гласале половина од вкупниот број граѓани запишани во Избирачкиот список. Право на глас имаат 43.560, што е за околу 750 гласачи повеќе од последните организирани избори.
Вчера, според законот гласаа лицата на издржување на казна затвор или се во притвор, а се жители на Центар. Од вкупно 45 лица, гласале 38, или 84,4%.