Илјадници лица протестираа против Владата на Јужна Кореја

Од:

Илјадници Јужнокорејци зедоа денеска учество во протестите во Сеул, кои се одржуваат втор ден, против политиката на Владата за пазарот на трудот и нејзиниот став кон фериботската несреќа, во која загинаа над 300 лица минатата година.

Демонстрантите, кои ги поддржуваат роднините на жртвите на несреќата, се собраа на истата улица во центарот на Сеул, каде минатиот викенд избија судири меѓу демонстрантите и полицијата, во кои беа ранети десетици лица.

Денешните протести минаа мирно, без извештаи за повредени, изјавија претставници на полицијата.

Демонстрантите протестираа против владините политики, кои според нив може да доведат до намалување на платите, на сигурноста на работните места и намалување на пензиите.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња