Европскиот шампион Реал Мадрид во полуфиналето од Лигата за шампионите за ривал го доби италијанскиот првак Јувентус. Во второто полуфинале ќе играат Барселона и Баерн.
Тоа е епилогот на денешното извлекување на двојките од Лигата на шампионите што се одржа во седиштето на УЕФА во Нион.
Сите четири екипи заедно имаат вкупно 21 титула европски првак.
Првите полуфинални натпревари ќе се играат на 5 и на 6.мај, а реванш дуелите на 12 и 13.мај.
Финалето е закажано за 6.јуни на „Олимпискиот стадион“ во Берлин