Американски астронаут иницира натпревар по географија на Твитер

Од:

Американскиот астронаут Скот Кели вчера почна натпреварување по географија на социјалната мрежа Твитер на која секоја недела ќе бидат поставувани фотографии од деловите од Земјата направени од Меѓународната вселенска станица, а натпреварувачите ќе треба да ги препознаат местата.

Првата личност која ќе го препознае местото ќе добие копија од фотографијата од автограмот на астронаутот кога ќе се врати на Земјата во март 2016 година.

– Познавањето географија е од суштинско значење за нашата економија, нашиот однос кон другите земји, како и за животната средина, истакна американскиот астронаут.

Меѓународната вселенска станица се наоѓа во орбита околу Земјата на висина од 360 километри, која е позната како „ниска орбита“. Таа станица ја обиколува Земјата шеснаесетпати за 24 часа.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он