Анкета: 78.5% центарци не го сакаат ГТЦ во барок

Од:

Последното истражување спроведено во врска со претстојниот референдум за изгледот на ГТЦ, покажува дека убедливо мнозинство граѓани од Општина Центар ќе гласаат за задржување на автентичниот изглед на фасадата на ГТЦ.

Дури 83%  од оние кои ќе излезат и гласаат на референдумот в недела, одговориле дека ќе гласаат ЗА на прашањето „Дали сте за тоа Градскиот Трговски Центар да го задржи автентичниот изглед на фасадата.“

grafikon1GTC

 

Во споредна со периодот пред 6 месеци, кога се вршеше последното истражување во врска со подготвеноста на граѓаните на Општина Центар да излезат на референдум за изгледот на ГТЦ, процентот на граѓани од оваа општина кои би гласале ЗА автентичниот изглед на ГТЦ, денес е пораснат за 15%.

grafikon2GTC

 

Понатаму, во истражувањето, на анкетираните граѓани кои одговориле дека на претстојниот референдум ќе гласаат ЗА, им било поставено прашањето „Која е главната причини поради која би гласале „ЗА“.  За 27.7% од анкетираните главната причина е „ГТЦ е културно наследство на градот и не треба да се менува“, 21.2% за „ГТЦ ги врзуваат убави спомени и не би сакале тој да се менува“, додека пак 18.2% од оние кои ќе гласаат за задржување на автентичниот изглед на ГТЦ тоа ќе го направат поради тоа што „Не се согласуваат со барокизацијата на објекти во центарот на градот“.

grafikon3GTC

 

Имајќи го предвид големиот отпор на граѓаните на Општина Центар кон барокизацијата на објекти во центарот на градот, на испитаниците во ова истражување им беше поставено и прашањето „На скала од 1 до 10 каде 1 значи воопшто не ми се допаѓа а 10 целосно ми се допаѓа, колку ви се допаѓа барокниот стил на градби во проектот Скопје?“. Дури 51.6% од испитаниците одговориле дека воопшто не им се допаѓа барокниот стил на градби, додека пак само 11.7% рекле дека целосно им се допаѓа.

grafikon4GTC

 

Понатаму, на истата скала од 1 до 10, од испитаниците беше побарано да објаснат колку се согласуваат со тврдењето „Би сакал да го видам ГТЦ во барок“. Како што може да се забележи од графиконот подолу, само 8.7% од граѓаните на Општина Центар целосно се согласуваат со ова тврдење, за разлика од дури 78.5% кои воопшто не се согласуваат, односно, не би сакале да го видат ГТЦ во барок.

grafikon5GTC

 

Сосема на крајот, на испитаниците кои живеат на територијата на Општина Центар им беше поставено прашањето „Која емоција се буди кај вас кога ќе помислите на ГТЦ“. Кај 32.8% од жителите на Општина Центар ГТЦ поттикнува чувство на „Гордост“, кај 32.7% чувство на „Љубов“, кај 29.0% чувство на „Почит“, додека пак кај 26.5% Центарци ГТЦ буди чувство на „Задоволство“.

grafikon6GTC

 

Истражувањето било спроведено за потребите на иницијативата „Го Сакам ГТЦ“ од страна на „Рејтинг“. Анкетата траела од 16 – 19 Април, додека пак податоците биле собирани по пат на телефонско интервју. Истражувањето еспроведено на репрезентативен примерок  од  800 испитаници – жители на Општина Центар, додека стандардната статистичка грешка во рамките на општиот примерок изнесува +/- 3,3%.

Би можело да ве интересира

МВР потврди: 55 годишна е жената која падна од терасата на ГТЦ

Анита Петровска Рајковиќ

Жена се фрли од терасата на ГТЦ – момче се обидело да ја спречи, но не успеало

Анита Петровска Рајковиќ

ГТЦ лани издвоил 1,3 милиони евра за струја и 2022 ја завршил со минус од 645.000 евра

A1on

Вклучи-исклучи на струјата во ГТЦ: Менаџментот ветувал дека ќе го плати долгот, за дуќанџиите да не останат во мрак

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Дојави за бомби во ГТЦ, во МНР и во неколку школи, во тек евакуација

Катерина Ѓуровски

Габриел Бајрам не се јавил на распит во полиција, ама се јавил на поканата за прослава на Владата

Кристијан Ландов