Светската здравствена организација соопшти дека 1.080 луѓе загинале меѓу 19 март и 21 април во Јемен каде коалицијата предводена од Саудиска Арабија изврши нови воздушни удари врз бунтовниците Хути.
– И покрај тоа што објави крај на воздушната кампања во Јемен, Саудиска Арабија ќе одговори во случај на агресивни акции на Хутите, изјави саудискиот амбасадор во Вашингтон, Адел ал Џубејр.
– Ќе продолжиме да користиме сила за да спречиме да го заземат Јемен со агресивни акции, додаде тој на прес конференција.
Шиитските бунтовници вчера побараа конечен прекин на бомбардирањата и почнување преговори со силите лојални на претседателот Абд Рабу Мансур Хади под покровителство на ОН.