ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ лицемерно ги извртува фактите

Од:

Со денешната прес – конференција на Зоран Заев и СДСМ се докажа дека сето ова е дел од нивното пошироко сценарио за дестабилизација, оцрнување на државните институции преку објавување на сечени, монтирани и прилепувани материјали кои се прикажуваат во манипулативен контекст, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

– Денес е јасно на сите дека срамната приказна со венецот на Бојран е измислена и е во функција на сценариото за денешниот прес што само ја покажува монстроузноста и моралниот дефект на раководството на СДСМ и на новинарите кои што работат во соросовите медиумите во Македонија кој што се директни учесници во мрачните игри на раководството на СДСМ. Оттука денеска дознавме дека всушност Зоран Заев се крие зад здружението Тодор Александров кое наводно го пратило венецот кај Борјан за да исценриаат однапред испланиран настан и да се соберат лица кои што се финансирани од соросовата фондација и раководството на СДСМ, стои во соопштението.

И ние како ВМРО-ДПМНЕ, се додава натаму, кои што со загриженост го испративме вчерашното соопштение, сме наседнале на евтина финта и на тоа наседнаа и оние граѓани кои што за момент поверуваа дека тоа со венецот на Борјан навистина се случило, при што на еден трагичен начин си го вмеша и своето семејство и се поигра со чувствата на луѓето.

– Кога станува збор за медиумите, СДСМ лицемерно ги извртува фактите и преку сечени, лепени, прилепувани и монтирани материјали ставани во погрешен контекст, јалово се обидува да изгради манипулативна слика со цел да ја продаде како апсолутна вистина. Единствената работа врз која СДСМ се потпира се монтирани и сечени разговори, кои не можат да го избришат срамното делувањето на СДСМ, нивните афери и десетиците скандали поврзани со медиумите, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски