Александар Вучиќ на крајот на мај ќе ја посети Тирана

Од:

Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска потврди дека на крајот на мај ќе ја посети Тирана, соопшти Танјуг.

Вучиќ посетата ја потврдил во разговорот со својот албански колега Еди Рама во Брисел. На 26 мај во албанската престолнина ќе се оддржи Самит на земјите од Процесот за соработка во југоисточна Европа (ПСЈИЕ).

Еди Рама со Вучиќ разговарал за заедничките проекти на земјите од Западен Балкан, кои денеска беа претставени на средбата со високо позиционираните претставници на ЕУ, информираат албанските медиуми.

Рама подвлекол дека односите меѓу Албанија и Србија се од исклучително значење за стабилноста и социјално-економскиот развој на Балканот и Европа во целина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Уапсен полицаец од Албанија осомничен за низа кривични дела

Горан Наумовски

Северна Македонија ѝ го предаде на Албанија претседавањето со ПСЈИЕ

A1on

Силно невреме во Белград, паѓа град со големина на орев, дождот ги поплави улиците

A1on

Албанското обвинителство бара 93 години затвор за шверцери на кокаин

Земјотрес на југот на Србија

Белград: Синот кој ја нападна својата мајка е непресметлив, задржан е во затворска болница