Анонимно здружение на архитекти агитира кај граѓаните на општина Центар да не гласаат за референдумот за ГТЦ така што ги дезинформира граѓаните дека референдумот е одложен и дека е нелегитимен, изјави денеска градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски.
Овие активисти, рече тој, не се од Скопје, туку од други градови во Македонија и дека нивната цел е да се саботира првиот локален референдум во Македонија кој е распишан за да се зачува автентичниот изглед на трговскиот центар.
Даница Павловска, од иницијативата „Го сакам ГТЦ“, рече дека единственото легитимно здружение на архитекти е ААМ кое минатата година го предложи одржувањето на референдумот како последен начин да се спречи барокизација на објектот. Павловска и Жерновски ги повикаа граѓаните да излезат на 26-ти април на избирачките места и да го дадат својот глас за заштита на ГТЦ.
– Асоцијација на архитекти на Македонија е единствената легитимна организација на архитекти. Имаме иноформација дека некое друго здружение, кое нема легитимитет да ги претстававува архитектите на Македонија, работи и прави срамна злоупотреба на луѓето за политички цели и го спречува правото на граѓаните на Центар да излеат на референдум и да одлучуваат каков да биде ГТЦ – рече Павловска.
Таа им порача на граѓаите доколку бидат посетени од овие лажни архитекти веднаш да ја информираат Општината за да се спречи грубата манипулација. Павловска ги повика граѓаните да излезат ан референдум, без оглед на нивната партиска припадност.
– Без разлика на вашата партиска припадност, дојдете на вашите избирачки места и гласајте за да не дозволиме да ја изгбиме битката за ГТЦ која ја водиме три години. Во недела имаме шанса да докажеме дека волјата на центарци е посилна од било која политичка манипулација, да докажеме дека сме свесни за важноста на референдумот и да докажеме дека можеме да одлучиме за нашата иднина, за иднината на ГТЦ, но и за тоа како ќе се трошат нашите пари – посочи таа.
Маја Васева