Гвардиола: Ќе му покажеме на светот колку вредиме

Од:

Во пресрет на реванш дуелот од четвртфиналето против Порто, тренерот на минхенски Баерн, Пеп Гвардиола е длабоко уверен дека неговиот тим ќе се пласира во полуфиналето.

За да се оствари ова убедување на Шпанецот, неговите избраници пред својата публика на „Алијанц арена’’ ќе треба да ја надополнат негативата од 3:1 по првиот меч против Порто.

„Верувам во мојот тим. Ќе му покажеме на светот колку и што можеме, ќе покажеме дека вредиме. Имаме негатива од два гола, но пред нас се 90 минути пред нашите верни навивачи. Ние ќе успееме дури и во финалето, кое убеден сум дека можеме и да го добиеме’’, изјави тренерот на Баер, Пеп Гвардиола.

Делумно со изјавите на Гвардиола, дека Баерн и покрај негативата и натаму ја има фаворитската улога, се согласи и тренерот на Порто, Хулен Лопетеги.

„Баерн и натаму е фаворит. Сега можеби помалку од пред одигрувањето на првиот натпревар. Сепак, ние ќе се фокусираме на нашата игра, ќе се обидеме да го наметнеме нашиот стил, а не на противникот. Тоа најдобро го потврдивме на првиот меч. Но, не очекуваат возбудливи 90-минути’’, изјави шпанскиот тренер на кормилото на Порто.

Реванш натпреварот од четвртфиналето во шампионската лига меѓу Баерн и Порто ќе се игра утре од 20 часот и 45 минути.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска