Најмалку 10 луѓе од ОН загинаа во денешниот напад врз минибус во сомалискиот автономен регион Пунтленд, јави ДПА.
Убиени се четворица Сомалијци и петмина странци кои работеле во мисија на Светската организација. Во нападот ранети се 10 луѓе.
Четворица од убиените работеле за УНИЦЕФ.
Одговорност за нападот презедоа од исламистичката група Ал Шабаб. Минибусот превезувал службеници на ОН од комплекс каде биоле сместени до работно место.