Раководството на Светската здравствена организација призна дека дозволило сериозни пропусти во напорите за справување со кризата со ебола и вети реформи со цел да се дејствува поефикасно во иднина.
Во соопштението со датум од 16 април, раководството на СЗО нагласува дека сериозно ги сфатило критиките дека организацијата реагирала бавно и несоодветно за кризата со ебола.
– Не работевме ефикасно и во координација со другите партнери, имаше грешки во комуникацијата, а улогите и задолженијата не беа јасно распределени, се наведува во соопштението.
Критичарите велат дека одбивањето на СЗО да објави вонредна состојба било суштински фактор за проширување на епидемијата, во која заболеа 25 илјади лица, а 10 илјади починаа.