Палестинците и Израелците договорија трансфер на приходи

Од:

Палестинскиот претседател Махмуд Абас изјави денеска дека постигнал договор со Израел, врз основа на кој, приходите од царини и даноци кои таа земја ги собира во име на Палестинците, ќе ги трансферира после тримесечно замрзнување.

– Имаме договор, сите пари ќе бидат испратени, рече Абас.

Тој претходно го отфрли предлогот на Израел тие фондови да се одмрзнат бидејќи таквиот потег ќе подразбираше намалување на сумата за да се исплатат долговите на Палестинската управа, меѓу другото, и кон израелската електрична компанија.

Израел ги собира даноците и царините во име на Палестинците и ги трансферира парите, кои претставуваат 70 отсто од приходите на Палестинската управа.

Израел одлучи да ги замрзне средствата откако Палестинците во јануари побараа членство во Меѓународниот кривичен суд, со што им се отвора можноста за тужби против Израел за воени злосторства.

Би можело да ве интересира

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

Борел: Земјите-членки на ЕУ поделени за палестинското прашање

(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави

ВИДЕО: „Епска катарстофа, луѓето нема каде да одат“ – Израел го напаѓа Рафа, последното прибежиште за Палестинците

Катерина Ѓуровски