(ВИДЕО) Жестока расправа во ДИК: Член на ВМРО-ДПМНЕ сака да успее референдумот за ГТЦ?!

Од:

И јас сум од Центар, и јас сакам да успее, довикна Сашо Срцев, член на Државната изборна комисија предложен од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница кога се вжешти расправата меѓу членовите по обраќањето на претседателот, Никола Рилковски.

На седницата се расправаше за легитимитетот на претседателот на ОИК-Центар, Кочо Митровски, чиј глас наводно се појавува во еден од снимените разговори што ги објави опозицијата. Рилковски тврдеше дека Митровски нема легитимитет да го организира референдумот за ГТЦ затоа што неколкукратно го прекршил изборниот законик со тоа што ја злоупотребил својата положба и неовластено го раздавал избирачкиот материјал за време на локалните избори во 2013 година.

Членовите на ДИК предложени од ВМРО-ДПМНЕ го прекинаа Рилковски во неговото излагање затоа што се уште не беше изгласан дневниот ред. Срцев му рече на претседателот дека со своите тези „прави алиби“, дека тој е од Центар и дека исто така сака да успее референдумот. Рилковски ги замоли колегите да му дозволат да продолжи со излагањето, но попусто.

– Можеме ли да бидеме парламентарни? Немам право да кажам, имате право да кажете зошто да се симне точката од дневен ред, а јас немам право значи да кажам зошто да остане? – рече тој.

Во прилог го објавуваме транскриптот од разговорот што го објави СДСМ, а кој денеска им беше доделен на членовите на ДИК за расправа:

МЈ: Добар ден.
К: Ало Миле, Коста на телефон, општински изборен центар. Како си?
МЈ: Добро, Коста?
К: Јас, нешто успеав тука да извадам, едно четири пет избирачи што беа надвор од вреќите…
МЈ: Добро.
К: Така да кога ќе имаш време денес да се видиме, да ти ги дадам.
МЈ: Одма кај мене на работа иди, шо.
К: Кај си ти?
МЈ: Во Министерство за транспорт, зад Собрание.
К: Зад Собрание сте, у на МНР зградата?
МЈ: Да, и уште една работа.
К: Кажи.
МЈ: Може ли бе за овие болните да не обновуваме документацијата?
К: А бе јас би сакал да биде таака, и логиката мене така ми вели. Меѓутоа, насоките на ДИК се такви.
МЈ: Четири-пет избирачки или…?
К: Четири-пет избирачки, да.
МЈ: Не може повеќе, а?
К: Не може. Тие беа надвор, луѓето што беа тука, што собираа, што гледаа од комисијата не беа тука и успеав да ги тргнам на страна, ги ставив во кола…
МЈ: Ги ископира или не?
К: Не, не, него оргиналите.
МЈ: Ајде чао.

ЛИНК ДО БОМБАТА

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Борис Кондарко и официјално претседател на ДИК

Чејни: Ќе гласам за Харис, а не за републиканецот Доналд Трамп

Горан Наумовски

ДИК: Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами

„Европски фронт“ поднесе тужба до Управен суд за прегласувањето во Желино

ДИК ќе одлучува по приговорот од Европскиот фронт

Катерина Ѓуровски

Коалицијата „Европски фронт“ доставила приговор до ДИК за прегласувањето во Желино