Колумбиската влада ги обнови водушните напади врз герилците од ФАРК

Од:

Колумбиската влада го укина прекинот на бомбардирањата врз позициите на герилците од групата ФАРЛ, откако најмалку десет војници беа убиени, а 17 повредени во нападот што припадниците на оваа милитантна, левичарска група го извршиле врз владините трупи.

Нападот се случил во реонот на западната колумбиска провинција Каука, која се смета за силно упориште на герлиците.

Висок претставник на колумбиската војска изјави во Богота дека армијата извршила напад врз една стратешка позиција на бунтовниците.

Од 2012 година, Владата на Колумбија и ФАРК преговараат во Хавана во Куба за прекин на непријателствата и за воспоставување траен мир во земјата.

Минатиот месец владата воведе привремен прекин на воздушните напади врз позициите на герлиците,во обид да се потикне напредок на преговорите.Бунтовничките сили во декември минатата година,прогласија едностран прекин на огнот, како гест на добра воља за усшено завршување на преговорите.

Засега не е познато како најновото непријателство ќе се одрзи врз текот на преговорите во Хавана, за кои досега се тврдеше дека „успешно напредуваат“.

Би можело да ве интересира

Колумбија ги забрани борбите со бикови

Претседателот Петро сака да го промени Уставот, илјадници Колумбијци на протести

Платил 175 илјади долари за да порасне 10 сантиметри: Може да дојде до тоа да не можам да се справам со болката

А1он

ВИДЕО: Гром уби млада мајка на плажа во Колумбија, снимен моментот на ударот

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени

Киднапирани родителите на ѕвезда на Ливерпул во Колумбија

Катерина Ѓуровски