Екипите на Порто и на Барселона забележаа идентични победи од 3:1 на првите дуели од четвртфиналната фаза во фудбалската Лига на шампиони.
Порто на домашен терен го изненади фаворитот Баерн Минхен. Португалскиот шампион по само десет минути водеше со 2:0 со головите на Рикардо Кварезма (првиот од пенал во 3.минута) Тиаго Алкантара во 28.минута намали на 2:1, а конечните 3:1 ги постави Џексон Мартинез во 65.минута.
Барселона направи голем исчекор кон полуфиналето по синоќешната победа во Париз против францускиот првак Пари Сен Жермен. За Каталонците погодија Нејмар во 18.минута и Луис Суарез во 67. и 79.минута. Жереми Матју во 82.минута со автогол го постави конечниот резултат.
Реваншите се закажани за 21 април.