Кошаркарите на Партизан изедначија на 1-1 во победи во полуфиналето од регионалната АБА лигата против Црвена Звезда откако синоќа како гости го добија натпреварот број 2 со 70:68.
Во текот на целиот натпревар Пртизан беше во водство, на моменти и со двоцифрена разлика, но „лутиот“ градски ривал се врати резултатски во последната четвртина кога имаше и напад за победа преку Јака Блажич, но Словенецот беше изблокиран.
На една победа до пласман во финалето, а со тоа обезбедено место и во елитната Евролига се наоѓа црногорскиот шампион Будуќност по втората победа над Цедевита со 81:76.
Третите натпревари се играат в сабота, а домажини се Цедевита и Партизан.