Екипите на Црвена Звезда и на Будуќност ја искористија предноста на домашен терен и синоќа поведоа со 1-0 во полуфиналната серија од плеј офот од АБА лигата.
Црвена Звезда во „Пионир“ го совлада големиот ривал Партизан со 73:64, додека Будуќност оствари минимална победа над Цедевита со 82:81.
Натпреварите број 2 се играат вечерва: Будуќност – Цедевита (почеток 18:30 часот) и Црвена Звезда – Партизан (21 часот).
Серијата се игра до три победи.