Во Турција почна судењето на 45 лица од менаџмент на рудник поради смрт на 301 рудар

Од:

Со протести на стотици лица во округот Маниса денеска почна судењето на 45 луѓе менаџери и вработени во рудникот кај Сома на запад во Турција кои се обвинети за смртта на 301 рудар кои загинаа во пожар минатата година.

На почетокот на удењето не се појави првиот човек на компанијата Сома, Комур Ислетмелери  и генералниот директор на рудникот  за јаглен. Несреќата се случи на 13 мај лани.

Поради безбедносни причини судијата одлучи осуммина од обвинетите менаџери кои се во притвор во Измир да не присуствуваат на почетокот на судењето туку своите изјави да ги дадат преку видео линк.

Стотици демонстранти се вклучија денеска во протестна поворка во западна Турција барајќи остри казни за раководството. Членови на семејствата на загинатите носеа шлемови обоени во црно во имиња на мртвите рудари.

Стотици полицајци беа распоредени пред зградата на Судот за спречување судири на собраните луѓе кои наведуваат дека и владата е одговорна поради „затворање очи“ за недостатоците за безбедноста во рудникот.

Би можело да ве интересира

Се урна зграда во Истанбул, луѓе останаа заробени под урнатините

Вооружена пресметка меѓу две групи во Турција: Три лица загинаа

Горан Наумовски

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени