НДП: ДУИ цела деценија ги лаже борците на ОНА

Од:

Националната демократска преродба, преку соопштение се огласи во јавноста, изразувајќи жалење за ниското ниво на јавно комуницирање на ДУИ преку лица кои хулиганството од стадионите го пренесуваат и во политичкиот речник.

„Ја разбираме бедата на ДУИ која, во недостиг на аргументи, нема што да им понуди на Албанците освен неуспесите да ги прикаже како победи.НДП не е одговорна што ДУИ изгласа закон за намалување на националното знаме, а потоа истиот го симнува од јарболите. НДП не е одговорна што ДУИ не може да смени имиња на четири училишта затоа што законите кои таа ги изгласа не го дозволуваат тоа;НДП не е одговорна што албанската химна се употребува приватно, и нејзиното интонирање не е уредно со закон“, велат од НДП.

НДП, укажуваат, не е одговорна што ДУИ, цела деценија ги лаже борците на ОНА и се однесува како кога го егзекутираат Харун Алиу од заседа, а неговите другари кои требаше да бидат амнестирани, умираат во неразјаснети околности во затворите на државава.

НДП не е одговорна што на ДУИ, речникот на Црвенковски им е последно алиби за да ја продолжи тендерската љубов со Груевски, велат во соопштението.

„Ја разбираме загриженоста на ДУИ поради значителното зголемување на рејтингот на НДП, дури и во анкетите на “Павел Шатев“, институт близок до партнерот на ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ, а и поради фактот што таа на секој изборен циклус губи по четири пратеници (не сметајќи ги тука бошњаците) оди кон целосна пропаст“, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Кредит од 40 милиони евра – моноетничка инвестиција што ги дискриминира албанските ученици и студенти

ДУИ: Дебаклот во Давос како слика за урнисана меѓународна позиција на земјава

ДУИ уверува: Нема отстапки од правото и борбата против корупцијата

Вреди: ДУИ игра опасна игра со безбедноста на граѓаните

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски

Потврда од ДУИ – Али Ахмети ќе учествува на утрешната лидерска средба

А1он