ВИДЕО: Крадец 70 часа висел на прозорец

Од:

Еден крадец во кинеската провинција Шенжен, поминал 70 часа на надворешниот дел на клима уредот, на еден хотел бидејќи се обидел да украде кабли, но бил забележан и побегнал преку прозорец.

Бидејќи не сакал да го приведат и јавно да ја посрами својата мајка, тој три дена одбивал да се тргне од клима уредот.

Полицијата се обидувала да разговара со него и да го вразуми, но тој останал при својот став.

kinaKrade

Спасувачките служби поставиле голем душек во случај да одлучи да се самоубие или случајно падне.

Инаку тој одбивал храна и пијалок, но на крај од еден новинар кој успеал да го убеди да се откаже од својата намера, прифатил шише со вода и признал дека се плаши да ја посрами својата 70-годишна мајка.

Бидејќи човекот украл мала количина кабел, чија вредност не достига ниту 100 фунти, кражбата се смета за мал прекршок.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он