Во центарот на Скопје, на повеќе локации се поставени 9 штандови, од кои 1 е централен, на кои активисти на иницијативата “Го сакам ГТЦ“ ќе ги информираат граѓаните за референдумот кој што ќе се одржи на 26-ти април.
Граѓаните ќе добијат информации за тоа каков е текот на постапката и гласањето, како и за значењето за заштита на автентичниот изглед на Градскиот Трговски Центар.
Центарци ќе гласаат на 78 избирачки места, на оние истите на кои што гласаат за локални, парламентарни или претседателски избори.
Избирачките места ќе бидат отворени на 26-ти април од 07:00 до 19:00 часот.