Кина „им одржа лекција“ на непристојните туристи

Од:

Заради бројните „свежи“ инциденти на кинеските туристи кои направија нивната земја да „црвенее од срам“, Кина ќе почне да ги надгледува и документира непристојните испади на своите граѓани.

Непосакуваните примери на однесување, како што се нарушување на јавниот ред и мир, коцкање, проституција или уништување на јавната инфраструктура, се само некои од делата што ќе бидат регистрирани.

„Угледот на земјата веќе е нарушен“, истакна Кинеската национална туристичка администрација на својот сајт, и додаде дека граѓаните, кои непристојно се однесувале во други земји, ќе мораат да ја „научат лекцијата“, но деталите во врска со казнените мерки не се специфицирани.

Регулаторното тело ќе го следи и надгледува проблематичното однесување на граѓаните преку локалните туристички бироа, медиумските извештаи и јавни жалби.

Инцидентите веќе детално ги забележаа и граѓаните ширум земјата преку различните микроблог сајтови.

Продолжувањето и развојот на програмата која беше претставена во јануари, ја поттикна инцидентот во Луксор во 2013 година, кога еден кинески ученик го исклеса своето име на ѕидот на еден антички храм.

Во одвоен инцидент, една двојка во Тајван предизвика негодување на тамошната јавност кога на своето дете му дозволи да изврши нужда на подот од еден тајвански аеродром.

Би можело да ве интересира

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он