Китаровиќ: Хрватска продолжува со силната поддршка за Косово

Од:

Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ на средбата со шефот на косовската дипломатија Хашим Тачи истакна дека Хрватска и понатаму силно го поддржува Косово.

– За време на средбата потврдени се пријателските односи меѓу Загреб и Приштина, како и обостраната желба за јакнење на соработката во областа на земјоделството. Се разговараше и за соработка во Југоисточна Европа на подрачјето на енергетиката и инфраструктурните проекти, се наведува во соопштението од кабинетот на Грабар Китаровиќ.

Тачи ја нагласи силната поддршка за заштита и промоција на правата на хрватското малцинство во Косово, како и високиот степен на вклученост на албанската заедница во хрватското општество.

Косовскиот премиер е во официјална посета на Хрватска и предвидено е да се сретне со премиерот Зоран Милановиќ, со претседателот на СаборотЈосип Лекo и со министерката за надворешни работи Весна Пусиќ.

Тачи ќе има средба и со претставниците на здруженијата на Албанците, кои се бореа на хрватска страна во војната од 90-тите години.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик