Хелсиншки: Државата ги дискриминира Ромите како никогаш претходно

Од:

„По повод одбележувањето на меѓународниот ден на Ромите, 8-ми април, Хелсиншкиот комитет уште еднаш потсетува на потребата за афирмирање на економските и социјалните проблеми со кои се соочува ромската заедница во земјата.

Хелсиншкиот комитет притоа истакнува дека состојбата со Ромите во Република Македонија никогаш не била полоша, со оглед на масовната дискриминација која се случува на граничните премини на нашата држава од страна на Министерството за внатрешни работи кон оваа етничка заедница. Веќе подолг временски период во јавноста се известува за прекршувањето на уставно загарантираното право на Ромите да ја напуштат државата, при што врз нив се врши расно профилирање од страна на полициските службеници. Ромите како никогаш претходно се деградирани, понижувани и дискриминирани, но не само на граничните премини, туку и при пристапот до социјална и здравствена заштита, до основни услови за домување и живеење, но и до правото со стекнување со државјанство и лични документи. Се уште опстојува децениската сегрегација на децата Роми во образовниот процес, кои посетуваат училишта за деца со интелектуална попреченост, наместо да бидат вклучени во редовното образование“, се вели во соопштението на Хелсиншкиот Комитет.

„Особено загрижуваат објавените разговори во јавноста од високи државни функционери кои Ромите ги нарекуваат „Цигани„ и посочуваат на злоупотреба на Ромите и нивните избирачки права за време на изборните процеси. Ваквите разговори се само потврда за дискриминаторскиот став кој власта го има кон оваа заедница, земајќи предвид дека постои игнорирање на нивните проблеми и отсуство на волја за унапредување на нивниот статус во општеството.

Во оваа насока сакаме да потсетиме на обврската на власта за почитување на Уставот на Република Македонија во кој темелна вредност е почитувањето на основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати со меѓународното право и утврдено со Уставот, во кој е наведено дека граѓаните се еднакви во слободите и правата независно од нивната боја на кожа и социјално потекло, а мораниот интегритет на човекот е неприкосновен. Европската конвенција за заштита на човековите права, како дел од нашата правна рамка, исто така забранува дискриминација по основ на боја на кожа и етничка припадност, поради што државата мора да обезбеди еднакво уживање на правата утврдени во Конвенцијата за сите граѓани.

Хелсиншкиот комитет би сакал да им го честита меѓународниот ден на сите луѓе од ромската етничка заедница  во Република Македонија и воедно  да ги охрабри да продолжат да се борат за за нивните права како и за подобрување на суб-стандардниот социјален статус и интеграција во општество“, соопштуваат од Хелсиншкиот Комитет.

Би можело да ве интересира

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

A1on

Меѓународниот ден на Ромите, 8 април неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска

Пресуда на европскиот суд против Македонија за сегрегација на ученици Роми

Ана Ололовска

„Вторник само за Роми“ – Базен во Шуто Оризари со натпис дискриминирал врз основа на етничка припадност и боја на кожа

A1on

Хелсиншки комитет: Институциите мора да ги заштитат осудениците во висок ризик

Ана Ололовска

„На образованието му треба сериозно проветрување од насилници“

Ана Ололовска