Среќен крај за момчето од кое се откажа целото село

Од:

Деветгодишниот Луо Кун Кун од Кина, кој поради сида беше протеран од своето родно село и дедо си, конечно има свој дом и пријатели.

luoKunKun

Во случајот кој наиде на осуда ширум светот, момчето беше протерано од селото, бидејќи неговите соселани потпишале петиција за да го заштитат здравјето на останатите жители.

Според наводите на медиумите официјални лица од Специјалното училиште во Линфен, кое има услови за грижа на ХИВ позитивни деца, го прифатиле Кун, кој се заразил од својата мајка додека бил во нејзината утроба, но болеста била откриена дури кога наполнил пет години.

Инаку неговата мајка и очувот работеле во други провинции, а за момчето се грижеле баба му и дедо му.

Со оглед на тоа што локалното население не сакало да контактира со него, тоа најголем дел од времето го поминувал сам, играјќи се во шума.

 

 

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он