Четворица туниски војници загинаа, а шестмина се повредени откако беше нападната нивната патрола, соопшти Министерството за одбрана на Тунис.
Нападот е извршен во централната западна провинција Касрин, регион каде се активни џихадистичките групи.
Се уште никој не презел одговорност за нападот.
Воената команда наведе дека нападот е терористички акт.
Касрин граничи со Алжир каде судирите меѓу џихадистите и туниските сили се чести. Од декември 2012 година загинале 60 полицајци, припадници на жандрмеријата и на армијата.