Лавров: Стратешката соработка меѓу Русија и Кина не е насочена кон никого

Од:

Стратешката соработка меѓу Русија и Кина не е насочена кон никого, а се развива во интерес на двете земји, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров по денешните разговори со кинескиот колега Ванг Ји во Москва, пренесува БТА.

Лавров посочи дека руско-кинеските односи по својата интензивност денес се без преседан во историјата на поврзаноста на двата народи. Тој наведе дека двете земји се убедени во неопходноста сите спорни ситуации да се надминуваат исклучително по мирен пат.

– Кина и русија цврсто се придржуваат кон безусловно почитување на статутот на Обединетите нации, на нормите на меѓународното право, на недозволеното вмешување во внатрешните работи на државите и на поткопување на нивниот суверенитет, посочи Лавров.

Ванг потенцира дека Кина е подготвена да ја поддржи финансиската соработка со Русија.

Лавров и Ванг потпишаа план за консултации меѓу двете министерста за надворешни работи за 2015 година, штоо ќе доведе до зајакнување на надворешнополитичката координација меѓу Москва и Пекинг.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Напад на синагога и црква во Русија: Има мртви

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Лансиран е сателитот кој заеднички го развија Кина и Франција

(ВИДЕО) Москва ја опустоши невреме, се формираше торнадо: Најмалку две лица загинаа

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес ја погоди Кина

Ким Џонг-Ун: Ова е историски момент

НАТО и се закани на Кина