Ангелов: Ги закрвуваат Македонците со иницијативи за велепредавство против Заев

Од:

Поранешниот генерал и лидер на „Достоинство“, Стојанче Ангелов, како пропаганден спин ја толкува иницијативата за велепредавство на шефот на опозицијата, Зоран Заев.

Како што вели Ангелов тоа е уште ден од низата обиди за поделба на народот и раздор меѓу Македонците, како и одвлекување на нивното внимание од доказните материјли против власта кои ги обелоденува опозицијата.

– Иницијативата е една од многуте пропагадни спинови на потесното раководството на ВМРО-ДПМНЕ со кое се обидуваат да го одвлечат вниманието на јавноста и да го насочат гневот на граѓаните кон лидерот на опозицијата. Но верувам дека и на последниот граѓани кој ќе се потпише на таа иницијатива му е јасно што се случува во државата – вели Ангелов.

Провладините медиуми во континуитет го обвинуваат Ангелов дека има за цел да предизвика немири и меѓуетнички конфликти во земјава.

Според некои тврдења на медиумите Агелов и Заев се здружиле со исламски фундаменталисти за дестабилизирање на државата. Поранешниот генерал вели дека токму со оваа иницијатива се предизвикува граѓанска нетрпеливост за што е обвинуван.

– Ова е само продолжување на процесот за закравување на Македонците кој започна со нивно доаѓање на власт, вели Ангелов.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

Ангелов: „Достоинство“ ќе коалицира со ВМРО – ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

A1on