ВИДЕО: СДСМ поднесе Кривична против градоначалникот на Битола

Од:

Денеска СДСМ до Основното Јавно Обвинителство во Битола поднесе Kривична пријава против градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески и Н.Н. сторител.

„Кривичната пријава произлегува од конечниот Извештај на Државниот завод за ревизија за работата на Општина Битола за 2011 година.

При контролата, државниот ревизор утврдил низа неправилности и незаконско постапување на пријавените. Со противзаконското трошење парични средства од Буџетот на Општина Битола, направена е вкупна штета по сите точки од кривичната пријава од 15.299.000,00 денари“, рече претседателот на О.О СДСМ Битола и пратеник, Васко Ковачевски.

„Станува збор за исплата на средства без донесување годишен план и програми, исплата на надоместоци и средства спротивно од Законот за државни службеници и Законот за локална самоуправа… Има и други незаконитости.

Очекуваме Обвинителството да преземе активности согласно неговите должности утврдени со закон.

Извештајот на Ревизорот за незаконско работење на Талески е уште една потврда на она што ние постојано го говоревме за огромните задолжувања и неразумните трошења на народните пари од страна на Владимир Талески, а тоа го потврдија и снимките во рамки на проектот Вистината за Македонија. Ако се сеќавате, лично негови сопартијци, министри го нарекоа „криминалец“.

Кога сме кај Вистината за Македонија, ја користам оваа прилика да ги повикам сите граѓани на Битола и од регионот, утре да ги следат активностите на СДСМ, прес конференцијата во 14 часот, на којашто ќе бидат обелоденети нови докази за незаконското владеење на власта на Груевски, а во 18.30 да ни се приклучат на маршот што е предвиден да почне пред спортската сала Младост“, изјави Ковачевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра