Започнува кампањата за референдумот во ГТЦ – „Излези за ГТЦ!“

Од:

Архитекти, активисти, музичари и познати ликови повикуваат да се “Излезе за ГТЦ”

Во понеделник, 6 април, во 20 ч. во паркот “Жена – Борец” официјално започнува камапањата „Излези за ГТЦ!“ во организација на иницијативата #ГоСакамГТЦ. На овој прв собир со граѓаните активистите на „Го сакам ГТЦ“ ќе ги повикаат граѓаните на Центар да гласаат за задржување на автентичноста на симболот на Скопје на претстојниот референдум во Општина Центар. На настанот ќе говорат архитекти и активисти, а ќе има и богата музичка програма од музичари – поддржувачи: Ана Костовска и Симон Киселички, The John, Џака Накот, Бон Праскиза и Donplaya и други.

Успехот на првиот локален референдум во Македонија од една страна ќе заштити културно наследство и гордост на Скопје, а од друга, ќе отвори пат за многу други низ останатите општини. Референдумот е најавтентична форма на директна демократија која што нашироко се користи во развиените земји. Им овозможува на граѓаните директно да се вклучат во носењето на политички одлуки и јасно да се изјаснат за одредено прашање.

Во случајов, тоа прашање е задржувањето на автентичниот изглед на ГТЦ и граѓаните на Општина Центар на 26-ти април, недела, ќе можат да се изјаснат “За” или “Против”. Референдумот е обврзувачки за локалните и државните власти и неговиот успех е условен од излезноста (+50%). Затоа, #ГоСакамГТЦ повикува на масовност и сплотеност меѓу граѓаните за што поголем одзив.

Иницијаторите во наредните 20 дена ќе делат флаери, одржуваат средби со граѓани, ќе организираат многу настани низ Општина Центар и ГТЦ, за да ги мотивираат граѓаните да излезат и да се изјаснат за сочувуњето на автентичните изглед и дух на гордоста на Скопје. Центарци ќе гласаат на истите гласачки места како и на последните избори, а избирачкиот список може да се провери во просториите на општината или http://izbirackispisok.gov.mk/

Би можело да ве интересира

МВР потврди: 55 годишна е жената која падна од терасата на ГТЦ

Анита Петровска Рајковиќ

Жена се фрли од терасата на ГТЦ – момче се обидело да ја спречи, но не успеало

Анита Петровска Рајковиќ

ГТЦ лани издвоил 1,3 милиони евра за струја и 2022 ја завршил со минус од 645.000 евра

A1on

Вклучи-исклучи на струјата во ГТЦ: Менаџментот ветувал дека ќе го плати долгот, за дуќанџиите да не останат во мрак

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Дојави за бомби во ГТЦ, во МНР и во неколку школи, во тек евакуација

Катерина Ѓуровски

Габриел Бајрам не се јавил на распит во полиција, ама се јавил на поканата за прослава на Владата

Кристијан Ландов