Северна Кореја денеска истрела во морето четири ракети со мал дострел, кои паднале во водите покрај западниот брег на земјата, соопшти јужнокорејската армија.
Пјонгјанг редовно извршува тестирање на ракети и артилерија, откако армиите на Јужна Кореја и САД минатиот месец започнаа заеднички воени вежби, кои ги одржуваат секоја година.
Јужна Кореја и САД објавија дека маневрите имаат одбранбен карактер.