Новинарскиот пленум бара прием кај претседателот на Лустрациска, Аџиев

Од:

Членовите на Новинарскиот пленум, денеска во 12 часот, ќе побараат прием кај претседателот на Комисијата за верификација на факти Томе Аџиев за да го изразат својот револт поради информациите за лустрирање на новинарката Јадранка Костова.

jadranka-pred-znm

Прва прогласена за соработник на службите е новинарот на Фокус Јадранка Костова, за емисијата Без наслов но со повод која се емитуваше на МТВ.

Иако комисијата за лустрација се уште официјално не го објавува нејзиното досие Костова јавно ја објави причината зошто е лустрирана на денот на годишнината од смртта на нејзиниот колега Никола Младенов.

-Зарем не е веќе кристално јасно колку Фокус е систематски третиран од фамилијата на власт! Не ги задоволи смртта на Никола Младенов и згаснувањето на дневен Фокус. Продолжија да нѐ гонат пред нивните судови и судии. И тоа не им ги насити ниските страсти, веројатно затоа што ја преживеавме казната … и еве ја смислија лустрацискава комедија, вели Костова.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лавров исфрли новинар од салата: „Ако не го предадете телефонот, ќе го извадат оружјето“

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март