Австралија одговори на инцидентот со авионот на германската авиокомпанија „Џерман Вингс“, воведувајќи го правилото за задолжително присуство на две лица во пилотската кабина.
Вицепремиерот Ворен Трас новите правила за безбедност се очекува да ги објасни денеска на прес-конференција, објави неговиот кабинет, додека новите правила стапуваат во сила веднаш.
Досега Австралија дозволуваше пилотот да биде сам во кабината за време на летот.
Француски обвинители го сметаат 27-годишниот втор пилот Андрес Лубиц за главен виновник за несреќата на авионот на „Џерман Вингс“ на 24 март, во која загинаа 150 лица.