Во главниот град на Тунис почна народниот марш против тероризмот, во знак на сеќавање на жртвуите од нападот врз музејот Бардо, извршен на 18 март. Според полицијата во маршот учествуваат над 12.000 луѓе.
Колоната демонстранти се движи од плоштадот Баб Садун до музејот Бардо извикувајќи „Тунис е слободна земја, долу тероризмот!“.
На маршот е присутен и претседателот на Тунис, Бежи Каид Есебси и високи странски претставници, меѓуи кои претседателот на Франција и на Габон, Франсоа Оланд и Али Бонго, италијанскиот премиер Матео Ренци и палестинскиот лидер Махмуд Абас.
Во нападот врз музејот загинаа 22 луѓе, од кои 21 туристи и еден полицаец.