Вечерашното „Ел класико“ ги оправда очекувањата на целокупната спортска јавност ширум светот овозможувајќи им на навивачите но и на неутралните гледачи да уживаат во новата генијална претстава на фудбалерите на Барселона и на Реал Мадрид.
На крајот, конечни 2:2, веројатно и најреални со оглед на фактот дека ниту еден од двата тима не заслужи да го напушти теренот на „Камп ноу“ поразен.
Реал Поведе со 1:0 со голот на Роналдо во 23. минута, само седум минути подоцна Меси изедначи. Во второто полувреме Меси од словоден удар ја доведе Барса во водство, но само неколку минути подоцна Роналдо изедначи.
Во самиот финиш Барса беше поблизу до победата, но „кралевите“ имаа и доста среќа откако ударот на Монтоја заврши само во гредата од голот на Касилјас.