Референдумот за изглед на ГТЦ, поднесен од Иницијативата „Го сакам ГТЦ“ добива масовна поддршка од граѓаните и невладиониот сектор. Досега иницијативата е поддржана од повеќе од дваесет невладини организации и граѓански здруженија кои застанале зад идејата и заложбата – зачувување на автентичниот изглед на ГТЦ.
– Од денеска започнуваме со кампањата „Му требаш на ГТЦ“. Целта на кампањата е да мотивираме што поголем број граѓани да се приклучат кон идејата за заштита на автентичниот изглед на ГТЦ и да помогнат во реализацијата на нашите активности. Ние искрено го сакаме ГТЦ кој претставува наше непроценливо културно наследство. ГТЦ е срцето на градот и чувар на многу спомени. Тој е архитектонско ремек-дело кое мора да биде модернизирано и надградувано во оригиналниот стил и изглед, стои во соопштението на Иницијативата.
Тие ги повикуваат сите кои ги делат истите ставови и чувства за Градскиот Трговски Центар, да се приклучат и дирекно да дадат придонес во реализација на целта.
На следниот линк граѓаните имаат можност за активација и волонтерство.