АМС организираше прием за карате репрезентативците

Од:

Агенцијата за млади и спорт денеска ги прими македонските карате репрезентативци кои викендот забележаа голем успех на Европското сениорско првенство во Истанбул, Турција.

Директорот на АМС Марјан Спасески изрази задоволство од постигнувањата на нашите претставници кои од Истанбул се враќаат со еден медал и обезбедени две места за претстојните Европски Олимписки игри во јуни во Баку.

– Карате спортот е во голем подем и има голем потенцијал, за што говорат и резултатите. Имено, во последниве неколку години имаме неколку европски шампиони и вице-шампиони во повеќе категории и во машка и женска конкуренција,  со што карате спортот,  дефинитивно е меѓу најуспешните и најтрофејните спортови во земјава, а тоа се докажа и на последното европско првенство. Со овој огромен успех, македонското карате продолжува да ги испишува светлите страници во својата спортска историја, рече Спасески.

Тој на каратистите им порача дека Агенцијата за млади и спорт и понатаму финансиски и логистички ќе го поддржува овој спорт како што беше и за настапот во Истанбул за што АМС обезбеди 250 илјади денари.

Носителот на бронзениот медал Мартин Несторовски со овој успех стекна право на стипендија од Светска категорија. Тој следните четири години ќе добива стипендија во висина од две просечни плати.

– Цела година се подготвувам за овој медал и со правилно темпирање на формата дојдов до овој резултат. Борбите беа тешки, а тоа го знае секој што стигнал до медал. Продолжувам понатаму. Очекувам добар настап на Европските Олимписки игри во Азербејџан, истакна Несторовски.

Македонските каратисти во конкуренција на околу 500 натпереварувачи од рекордни 47 земји се претставија во добро издание. Мартин Несторовски беше најуспешен и освои бронзен медал во тешка категорија +84 кг. Емил Павлов во -60кг беше петти, исто како и женскиот ката тим во борби, а на седмото место завршија  Наташа Стефановска во категорија -61 кг и на Поликсенија Јованоска во кати Македонија.

Би можело да ве интересира

Недеви на карате семинар во Глазгов, Шкотска

Пет медали за Македонија на Балканското карате првенство – златен за Марко Џорлев

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронза на Балканскиот шампионат во Словенија

„Макпетрол“ освои 11 медали на државниот плејоф карате-турнир за сениори

Ана Ололовска