Кувајтската полиција употреби палки за да ги растера стотиците демонстранти, кои бараа ослободување од затвор на опозициски лидер.
Меѓу демонстрантите во центарот на Кувајт имало жени и четворица поранешни пратеници. Најмалку 12 лица се уапсени.
Демонстрантите се приврзаници на поранешниот опозициски пратеник Мусалам ал Барак, кој беше осуден минатиот месец на две години затвор за навреда на кувајтската монархија, која ја изнел за време на митинг во 2012 година.