ФОТО: Почна изградбата на барокните сендвичари

Од:

На неколку локации во центарот на Скопје се поставуваат метални конструкции каде треба да се најдат сендвичарите со барокна фасада. Едната метална конструкција е веќе поставена на паркингот до хотел „Холидеј ин“, а втората се наоѓа покрај булеварот ВМРО, во близина на Владата. На сквер „Јадран“, пак, се издигнува третата барокна сендвичара, и тоа на место наменето за лица со посебни потреби.

IMG_20150323_124500

Сендвичарите ќе бидат со површина од по осум квадратени метри. Ќе бидат изработени според архитектонскиот труд на Жарко Чаушевски, па на себе ќе ги имаат барокните обележја од новите градби на проектот „Скопје 2014“.

Во план е да се постават вкупно 20 стилизирани киосци според идејното решение на Чушевски. Во урбанистичкиот план на Центар се впишани дваесетина вакви маркички, а Министерството за транспорт и врски до сега продаде неколку парцели за оваа намена. Две од нив купи Селим Муше, а една откупи фирмата „Супрема“ ДОО.

IMG_20150323_124523

За локацијата на улицата Македонија, до спомен куќата на Мајка Тереза, Селим Муше плати 391.003 денари за квадратен матар (6.409 евра), додека за парцелата на кејот на Вардар, до хотелот „Холидеј Ин, 330.800 денари за квадратен метар (5.422 евра). Фирмата „Супрема“, пак, плати 6.600 денари за квадратен метар (108 евра), за парцелата во паркот Жена – борец, спроти трговскиот центар „Соравија“.

89060

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

A1on

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ

СДСМ: Со години ДПМНЕ переле пари преку Скопје 2014 врз грбот на народот

Куќен притвор за Владимир Тодоровиќ

Катерина Ѓуровски