Најкорисен кошаркар во последното коло од основниот дел на регионалната АБА лига е Никола Јокиќ од Мега Лекс. Тој воедно го освои и признанието МВП за целата сезона.
Во последното (26.коло) Јокиќ во победата над Цибона учествуваше со 39 индексни поени.
Со втор најдобар учинок е Анте Жижиќ од Цибона (30 инд.поени), а исто толку поени собра и Мајк Цирбес од Црвена звезда на дуелот со МЗТ Скопје.
Во ТОП 5 за последната рунда се најдоа и Марко Јагопдиќ од Цибона (29 инд.поени) и Дарко Планиниќ од Будуќност (28 инд.поени).
На листата за целата сезона прв е Јокиќ со просечни 21,96 индексни поени пред неговите клупски другари Ненад Миљеновиќ (21,71) и Дејан Мусли (20,2).
Од македонскиот претставник МЗТ Скопје играч со најдобар ефект е Предраг Самарџиски со 13,93 инд.поени.