Со одигрувањето на натпреварите Будуќност – Партизан и Шолнок – Цедевита синоќа заврши регуларниот дел од АБА лигата.
По 26.те кола првото место го освои Црвена Звезда, а синоќешните дуели решаваат директно за пласманот од второто до четвртото место. Будуќност со пресврт го совлада Партизан и го обезбеди второто место, додека Цедевита со триумфот над Шолнок е трета.
Според пласманот во полуфиналето ќе играат: Црвена Звезда – Партизан и Будуќност – Цедевита.
Резултати од последното коло: Будуќност – Партизан 85:79, Шолнок – Цедевита 67:74, Црвена Звезда – МЗТ Скопје Аеродорм 89:56, Цибона – Левски 85:69, Мега – Игокеа 100:96, Задар – Металац 85:69 и Олимпија – Крка 73:67.
Табела: Црвена Звезда 24-2 (победи-порази), Будуќност 19-7, Цедевита 18-8, Партизан 18-8, Олимпија 15-11, Металац 13-13, Шолнок 12-14, Задар 12-14, Крка 12-14, Мега 11-15, Цибона 10-16, Игокеа 9-17, МЗТ Скопје Аеродром 7-19, Левски 2-24.