„Доколку Данска се приклучи на системот за воздушна одбрана на НАТО, Русија ќе испрати нуклеарни проектили на нејзините бродови“- предупреди рускиот амбасадор во Данска, Михаил Вањин.
Оваа изјава која што ја објавија данските медиуми предизвика револт кај министерот за надворешни работи на таа држава Мартин Лидегард.
-Русија овој пат навистина ја премина границата. Тие добро знаат дека системот проектили на НАТО се исклучиво од одбранбен вид и дека не е насочен кон нив- изјави Лидегард.
Инаку во интервју за данскиот весник „Џиландс-Постен“, Вањин исто така Данска ја нарекува „мала држава со мала војска“.
-Во ред вие навистина сте дел од НАТО, но многу мал дел. На Москва нема да и се допадне што сте вклучени во системот за одбрана и не сум сигурен дека ги разбирате последиците од тој потег – изјави рускиот амбасадор по осум месеци откако Данска се согласила да се приклучи на споменатиот систем.
Инаку стравот од руска инвазија на балтичките држави е толку голем што Литванија која дури и не се граничи со Русија планира да регрутира уште војници и значително да ги прошири своите единици кои сега бројат само 15.000 лица.
Е.Г.