АЈДЕ! – Платформата за граѓанска политика, како неформална, но организирана група слободоумни поединци кои се стремат да ја вратат моќта за носење политички одлуки во рацете на граѓаните, целосно ја поздравува и ја поддржува иницијативата за референдум во општина Центар, за задржување на постојниот и автентичен изглед на Градскиот Трговски Центар – Скопје (ГТЦ).
Референдумот претставува најавтентична форма на граѓанска демократија и можност да ги обедини сите граѓани кои се поделени по различни основи, овозможувајќи им заеднички да одлучуваат за важни прашања од интерес на заедницата.
АЈДЕ! смета дека оваа иницијатива е важен момент за македонската демократија и јавно повикува на поддршка од сите граѓани и организации кои ги делат демократските вредности.
Истовремено, испраќаме апел до сооветниците на општина Центар да ја поддржат иницијативата за референдум и со тоа да им овозможат на граѓаните да ги реализираат нивните со устав загарантирани права.