Колумбиските власти и припадници на американската Агенција за борба против наркотици запленија повеќе од пет тони кокаин на брод, што пловел под панамско знаме во водите меѓу Никарагва и Костарика.
Заплената е резултат на заедничка истрага на колумбиските и американски власти, соопшти денеска обвинителот од Колумбија, Алехандро Ладино.
Во акцијата се уапсени 14 лица на бродот, а запленети се вкупно 5.284 килограми кокаин.