ВИДЕО: Светот не може да поверува дека се брише Скопје, симболот на солидарноста

Од:

Дубровка Секулиќ, архитект и докторант на Институтот за историја и теорија на архитектура ЕТА во Цирих, које е по потекло од Србија, за проектот „Скопје 2014“ вели дека е сублимација на се она што е лошо во светот.

Таа деновиве престојуваше во Скопје каде со своите студентите од овој факултет ги разгледуваа урбанистичките промени и ги посетија постарите градби. Предмет на нивното проучување се објектите изградени во 70-тите и 80-тите кои историјата на архитектурата ги смета за највредните примероци од модернизмот. Што се однесува до појавата на неокласицизам и барок во центарот на Скопје, Секулиќ вели дека „ова измислување на минатото“ е вистински кошмар, дека може да и користи само на политичката елита која ја злоупотребува архитектурата.

– Она што мене најмногу ми смета е тоа што е неверојатно колку јавни пари се трошат нетранспарентно, без никакво учество на граѓаните, и тоа за објекти кои не се ни потребни воопшто. Вчера бевме во стариот археолошки музеј кој е празен затоа што постои нов археолошки музеј – вели таа.

„Скопје 2014“, смета дека не е за луѓе затоа што не им овозможува простор кој граѓаните би го употребувале за да седнат или за да се сретнат со некого.

– Светот гледа со неверување на она што се случува во Скопје, на тоа што владејачакта елита намерно го брише социјалистичкото наследство кое е препознаено како високо квалитетно. Се брише социјалистичко Скопје кој е симбол солидарност на целиот свет спрема Скопје после земјотресот. Некои од тие објекти кој се засекогаш уништени се драгоцености на седумдесетите и осумдесетите години – вели таа.

Градскиот трговски центар и е еден од најомилените објекти. ГТЦ, смета таа, е место за средба, а не само за купување, затоа што, вели, може да се користи без да се плати и тоа во време кога граѓаните се повеќе го губат јавниот простор.

– Првпат бев во Скопје 1999 година и мене ГТЦ ми беше најневеројатно нешто поради константната игра во која никогаш не знаете дали сте внатре или надвор. Мислам дека тоа е еден од најинвентивните објекти во југословенската архитектура, па и во светски размери. Има просторен квалитет во тоа што го користите без да приметите – вели таа.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

МВР потврди: 55 годишна е жената која падна од терасата на ГТЦ

Анита Петровска Рајковиќ

Жена се фрли од терасата на ГТЦ – момче се обидело да ја спречи, но не успеало

Анита Петровска Рајковиќ

ГТЦ лани издвоил 1,3 милиони евра за струја и 2022 ја завршил со минус од 645.000 евра

A1on

Вклучи-исклучи на струјата во ГТЦ: Менаџментот ветувал дека ќе го плати долгот, за дуќанџиите да не останат во мрак

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Дојави за бомби во ГТЦ, во МНР и во неколку школи, во тек евакуација

Катерина Ѓуровски

Габриел Бајрам не се јавил на распит во полиција, ама се јавил на поканата за прослава на Владата

Кристијан Ландов