Скопската архитектура деновиве ја разгледува група студенти од Институтот за историја и теорија на архитектурата ЕТХ во Цирих, која ги обиколува градовите од Југоисточна Европа за да ги види во живо модернистичките градби.
Од се што виделе до сега, најголем впечаток на студентите им оставил проектот „Скопје 2014“ и урбанистички промени кои се одвиваат со пребрзо темпо. Нивниот професорот, Филип Урспрунг, вели дека самиот проект е кичест и нешто што може да се најде само во луна паркови и казина. Според него, скандалозно е тоа што граѓаните не партиципираат во промената на јавниот простор и тоа што центарот на Скопје се менува без нивно одобрение.
– Мислам дека е скандал да се исклучат граѓаните од толку важни прашања. Просторот им припаѓа на луѓето кои живеат тука, кои плаќаат даноци и тие треба да бидат вклучени и да партиципираат во начинот на кој се креира и на кој се употребува – вели тој.
Центарот на Скопје, додава, е предозиран со споменици така што предизвикува коминеч ефект.
Според него претставува провинцијален обид да симулира античка империја, што, додава, е апсурдно тоа да се случува во 21-от век.
– Според мене на проектот „Скопје 2014“ не му е местото во градскиот центар, особено акотаму веќе имате одлучна архитектура и некои од најважните згради на седумдесетите и осумдесетите години што ги имаме во Југоисточна Европа. Овој стил е никаков стил кој предизвикува моментен ефект кај некои луѓе, но пораката е многу нејасна и мислам дека е огромна загуба да го имате ова како неповратно – вели Урспрунг.
Маја Васева